Пренџов: Од дијалог до резултат, усвоени 14 амандмани за Законот за јавно обвинителство

Денес Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ја одржа амандманската расправа по Предлог – законот за јавно обвинителство, закон од особено значење за унапредување на владеењето на правото и зајакнување на институционалната доверба, објави Љупчо Пренџов.

-Во духот на конструктивен дијалог и демократска зрелост, беа прифатени 14 амандмани од сите пратенички групи кои поднесоа предлози за подобрување на текстот на законот. Овој пристап потврдува дека клучните реформски процеси можат и треба да се водат низ инклузивност, со почитување на различните ставови и со заедничка одговорност кон јавниот интерес, објави Љупчо Пренџов.

Тој додаде дека како претседател на Комисијата за политички систем, особено ми претставува чест што процесот се одвиваше транспарентно и отворено, со вклучена јавна расправа и со активно учество на сите релевантни чинители.

Врз основа на ваквиот сеопфатен и инклузивен пристап, Комисијата му предлага на пленумот Закон за јавно обвинителство, како резултат на темелна дебата и заедничка посветеност кон јакнење на правната држава, потенцира Пренџов..

-Остануваме посветени на градење институции што функционираат во интерес на граѓаните – преку дијалог, транспарентност и одговорност, нотира во објавата Пренџов.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content