Сведоштво на инспектор на ДЗС: Хидрантот во „Пулс“ бил празен, прозорците со решетки а вратата заклучена со катанец

Стравични детали за безбедносните пропусти во кочанскиот клуб „Пулс“ откри денешното рочиште преку исказот на инспекторот од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Увидната екипа по пожарот затекнала состојба која не остава простор за евакуација: помошната врата била заклучена со катанец и без квака, а дополнително запечатена со стиропор од надворешната страна.

„Најболната работа беше заклучената задна врата. Немаше систем за јавување пожар, хидрантот беше празен – без вода, без црево и без млазници“, истакна сведокот. Според него, објектот бил „стапица“ со лесно запаливи материјали, каде дури и прозорците на тоалетите биле со железни решетки, оневозможувајќи каков било излез или пристап на брзата помош.

Извор: press24

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content