Најстудено утрово во Берово минус пет, во текот на денот сончево и топло до 21 степен

Најниската температура во државата утрово е евидентирана во Берово. Измерени се пет Целзиусови степени под нулата, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Регистрирани се -2 Целзиусови степени во Скопје-Петровец, Битола, Струмица, Mаврови Анови, -1 во Крива Паланка, Велес, Демир Капија, Тетово, 0 во Гевгелија, Штип, Куманово, Прилеп, Претор, Попова Шапка, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Охрид, 2 во Kрушево, а 3 во Виница.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка, според најновиот извештај, изнесува 60 сантиметри.

Од УХМР посочија дека времето денеска се очекува да биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Се очекува слаб до умерен ветер oд променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје, исто така, најавено е сончево и релативно топло време со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура се очекува да достигне до 20 степени.

Во Скопје, исто така, најавено е сончево и релативно топло време со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура се очекува да достигне до 20 степени.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content