Николоски на средба со Даниел Лоутон, заменик помошник Државен секретар за Европа

Пријателството со САД го потврдивме уште еднаш на средбите во Стејт Департментот со Даниел Лоутон, заменик помошник Државен секретар задолжен за Европа и останати политички средби, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Посочи дека Македонија и САД бележат долгогодишно партнерство, засновано на меѓусебна поддршка и заедничка посветеност кон демократските вредности.

-На Соединетите Американски Држави гледаме како близок партнер кој претставува силна гаранција за просперитетот, напредокот и безбедноста на државата. На средбите во Стејт Департменот ги отворивме и прашањата за создавање на подобри перспективи за економска и трговска соработка во делот на инвестициите, инфраструктурата, енергетиката и иновациите, истакнува Николоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content