Велковски: Важно е асистивната технологија да биде достапна од предучилишниот систем до високото образование

Денес присуствував на настанот „Застапување за дигитална инклузија“, во организација на Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ и ЗЕТА, Здружение за попреченост и правда.
Асистивната технологија денес не е само техничко решение туку алатка што овозможува еднакви можности, независен живот и активно учество на лицата со попреченост во општеството, објави Ѓоко Велковски заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

Како Министерство за социјална политика, демографија и млади остануваме посветени на унапредување на системските решенија кои ќе обезбедат подобар и порамноправен пристап до асистивна технологија, како и на развој на политики што го поддржуваат правото на независно живеење и инклузивноста, истакна Велковски.

Особено е важно асистивната технологија да биде достапна и во образованието од предучилишниот систем до високото образование, за секое дете да има можност да го развие својот потенцијал.
Само преку заедничка работа, дијалог и партнерство со институциите, граѓанските организации и организациите на лицата со попреченост можеме да изградиме инклузивно општество во кое никој нема да биде изоставен, додаде во објавата заменик министерот.

Велковски упати благодарност до организаторите за отворањето на оваа важна тема и за придонесот во креирањето конкретни препораки за унапредување на системот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content