Објавен јавниот повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси

Министерствто за транспорт објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините.

Најповолниот понудувач има обврска да ги произведе и испорача автобусите во следните рокови: 30 автобуси во рок од шест месеци, 60 автобуси во рок од 12 месеци и 60 автобуси во рок од 18 месеци.

Јавниот повик е објавен денеска на електронскиот сервис за Бирото за јавни набавки.

Рокот за доставување на потребната документација e до 30 март 2026 година.

„Набавката на електрични еколошки автобуси претставува јасна политичка определба за заштита на животната средина како и подобрување на ефикасноста со јавниот превоз во Скопје и останите општини.
Покрај еколошките придобивки, набавката на нови автобуси носи и економска исплатливост на подолг рок со намалени трошоци за одржување и енергија“, велат од Министерствто за транспорт.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content