Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг падна на 59,6% од БДП – фискалната политика дава резултати

Јавниот долг на државава заклучно со 31 декември 2025 година изнесува 59,6 проценти од Бруто домашниот производ (БДП), објави денеска Министерството за финансии.

Според ресорната министерка Гордана Димитриеска Кочоска, овој износ на јавниот долг е јасен и силен показател за заложбите за стабилни јавни финансии  и фискална консолидација, а воедно значи и почитување на Мастришките критериуми, според кои јавниот долг треба да биде под 60 проценти од БДП.

– Морам да бидам искрена и да кажам дека нашите проекции согласно Стратегијата за управување со јавниот долг, иако Министерството за финансии напорно работеше, беа дека тој ќе се движи нешто над 60 проценти. Но, еве уште еднаш можеме да покажеме и докажеме дека навистина со посветена работа, внимателно планирање и строга контрола на секој поединечен расход, притоа внимавајќи на секој еден расход, не само на централната влада, туку во исто време како се трошат кредитите  кои треба да ги повлекуват  јавните претпријатија и акционерските друштва, се покажа дека навистина може да постигнеме и побрзо резултати од она што сме го очекувале,  изјави Димитриеска Кочоска.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content