Денеска во Хернинг – Данска почнува 17. Европско првенство во ракомет за мажи. ЕХФ Еуро 2026 ќе се трае до 1 февруари за кога се закажани натпреварите за медали.
Натпреварите ќе се играат во неколку градови домаќини, а финалето на Европското првенство е закажано во Хернинг (Данска).
На ЕП 2026 учествува и македонската репрезентација и ова ќе биде деветто учество на еден евро-шампионат.
Македонија ќе игра утревечер на 16 јануари, во 20:30 часот против кодомаќинот Данска. Во групата Б се и селекциите на Португалија и Романија.
