Поларна ноќ е пред нас, температурите паѓаат до -20 степени

Територијата на Македонија во текот на оваа ноќ ќе подпадне под уште поладна и поларна воздушна маса од север која дополнителнмо ќе ги спушти температурите на воздухот а исто така облачноста ќе се намали но ќе продолжи да дува повремено засилен ветер од северен правец.

Утрото на 12 јануари, понеделник ќе биде екстремно ладно во Македонија со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -17 до -5 степени а во планинските места температурите очекувам да се спуштат и до -20 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушти до околу -10 степени.

Многу ладно ќе биде и преку денот со температури кои ќе останат под нулата, односно преку денот температурата ќе се искачува во интервалот од -7 до 1 степен. Во Скопје температурата во текот на денот ќе се искачи до околу 0 степени.

Поради екстремно ниските температури оваа ноќ се очекува и појава на силни мразеви и на голомразица по патиштата, возачите да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content