Бадникови поворки во Прилеп „Со Божиќната радост, срца да стоплиме“

Радоста за христовото раѓање и годинава ќе ја најават Бадниковите поворки во многу градови и во Прилеп. Генералната проба се одржа денеска во Цепенков и пред камената бина на плоштадот Александрија од каде утре, вторник, 6 ти јануари ќе тргне поворката од над 300 деца кои во рацете држат „златна ѕвезда“, а ќе се пее песната „Вечниот Бог“ .

Возобновените Бадникови поворки во Прилеп ќе се одржат по 16-ти пат. Овој пат манифестацијата се одржува под мотото „Со Божиќната радост, срца да стоплиме“. Сите деца учесници во Бадниковата поворка ќе добијат пригодни подароци.

Извор: РадиоПелаМК.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content