Проданоски: Работниците на „Комуналец“ се хероите кои го разубавуваат Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, утрово ги посети екипите на ЈКП „Комуналец“ кои интензивно работат на уредување на просторот и парковските површини во централното градско подрачје. Тој им упати искрена благодарност за нивната посветеност, секојдневен труд и „тивка храброст“ со која го прават градот поубав, побезбеден и попријатен за живеење.

Проданоски најави дека активностите за уредување ќе продолжат и во наредниот период, зависно од временските услови. Планот опфаќа сите локации кои се значајни за граѓаните, со цел да се создадат простори каде прилепчани ќе можат да се релаксираат и квалитетно да го поминуваат своето слободно време.

„Чекор по чекор, градиме Прилеп со кој сите ќе се гордееме“, порача градоначалникот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content