НИЗ ПРИЛЕП ВОЗЕЛ СО ПОВЕЌЕ ОД „СТОТКА“!

На улицата „Карпалак“ во Прилеп несовесен возач во саботата попладне возел со неверојатни 104 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 50 км/час, извести прилепската полиција.

Полициски службеници од ОВР Прилеп, кои со радар мереле брзина на возила, забележале дека 40-годишниот Н.Ц. од село Кошино, општина Долнени, управувал „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки со 104 километри на час, повеќе од двојно повеќе од дозволената брзина во населено место.
По документирање на случајот, против Н.Ц. ќе следува пријава по член 297 од Кривичниот законик, за „безобѕирно управување со моторно возило“.
Неодамна МВР упати апел до граѓаните да возат внимателно, затоа што стапката на смртност во сообраќајни несреќи во Македонија е огромна. Само во првите четири дена во ноември 5 луѓе го загубија животот во сообраќајки.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content