Две лица загинаа а три се повредени во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Росоман, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Денеска околу 17:00 часот пријавена е
сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп – Росоман во близина на село Радобил. Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица, информираа вечерва од МВР.

Оттаму соопштија дека од 18:00 часот сообраќајот се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.

-Со детали соодветно ќе ја известиме јавноста по завршувањето на увидот, додадоа од МВР.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content