Oбјавени телефонските броеви за донации: Животот на Спасение виси на конец – АЈДЕ Прилеп, ајде хумана Македонијо!

Студентот по медицина Спасение Анчески од Скопје по потекло од Прилеп, се соочува со сериозна здравствена состојба – акутна миелоидна леукемија (АМЛ).

Првата хемотерапија што ја прими во Македонија, за жал, не даде посакувани резултати. Затоа неговото лекување мора да продолжи во Загреб, каде што постојат поголеми шанси за успешно закрепнување.

Во овој момент, на Спасение му е неопходна финансиска поддршка. Секој придонес, без разлика на износот, претставува огромна помош за него и неговото семејство во овие тешки моменти.

Да останеме обединети и да помогнеме таму каде што е најпотребно.

Заедно можеме да му овозможиме Спасение да ја продолжи својата младост и да стане лекар кој ќе спасува други животи.

Броеви за донации: Македонски Телеком: 143191 и А1: 143502

Дополнителни информации за донации

• IBAN: MK07250080006734138

• SWIFT: INSBMK22

• Име: Spasenie Ancheski.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content