(ВИДЕО+ИЗЈАВА) Во кругот на прилепската болница – полиција, пукотници и истрели – приведени 13 лица

По немилиот настан во кругот на прилепската болница приведени се 13 лица. Од СВР Битола информираат за настанот:

„Денеска (19.09.2025) околу 12.00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека пред Градската општа болница ,,Борка Талески“ во Прилеп настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица, кои употребиле дрвени и други предмети.  На местото се испратени полициски службеници, но лицата не постапиле по нивните наредби да престанат, по што еден од нив испукал неколку истрели во воздух од службениот пиштол. Во Полициска станица Прилеп се приведени 13 лица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.“, информира портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова

Со текст  „Врие од припадници на МВР во дворот и околу прилепската болница, откако две поголеми групи во близина на болницата се обиделе да се пресметаат. Лицата неофицијално биле наоружани со огнено и ладно оружје, а засега не се познати причините за настанатиот инцидент.“ најпрвин веста, со видео, ја објави прилепскиот портал Маркукуле.

Повеќе на следниот линк.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content