Растот на реалната плата е двојно поголем за една година со ВМРО-ДПМНЕ

Растот на реалната плата е двојно поголем за една година со ВМРО-ДПМНЕ отколку за 7 со СДСМ, а инфлацијата е 30% помала.Имено во период јули 2024 до јули 2025 растот на реалната плата e 6.7%, додека во период јули 2017 до јули 2024 растот бил само 3.5%., oбјави Бојан Стојаноски.

Реалната плата е вистинската куповна моќ на платата, не номинален износ, туку вредностен.

Растот на реалната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ покажува неколку работи:
1. Дека инфлацијата е намалена

2. Дека растот на економијата е забрзан

3. Дека потрошувачката е зголемена

4. Дека производството расте

5. Дека довербата во економијата е голема

Почитувани, бројките јасно покажуваат дека инфлацијата е стабилизирана и под контрола.

Во период јули 2024 до јули 2025 просечната стапка на инфлација е 3.6%, додека во период од јули 2017 до јули 2024 просечната стапка на инфлацијата е 4.8%.

Бројките се многу јасни. Во време на СДСМ добро им одеше само на неколкумина бизнисмени блиски до власта, кои беа главни тендераши. Во време на ВМРО-ДПМНЕ економијата оди напред, има раст и развој кој е сеопфатен и го чувствува секој граѓанин.

Промените ја трансформираат Македонија. Државата оди напред.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content