Засега нема нарушувања во однос на училишната кошничка, додека Државниот пазарен инспекторатот е на терен и гледа дали се почитува договорената училишна кошничка од страна на трговците, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.
-Владата на седницата на 5 август донесе одлука со којашто обезбеди попуст заедно со трговците и снабдувачите на училишниот прибор помеѓу 10 и 15 проценти на маржата во зависност дали е на големо или на мало, а репер е цената од 1 јуни 2025 година. Задача на трговците е да означат која била цената на 1 јуни 2025 година и практично врз основа на тоа да обезбедат попуст меѓу 10 и 15 проценти и да истакнат на влезот од дуќанот натпис „Помалку трошоци, повеќе за вас“, така што Државниот пазарен инспекторат е на терен гледа дали се почитува, засега немаме објективни нарушувања на веќе договореното – рече Мицкоски при посетата на Кочани.
