Поддршка од Општина Прилеп за спас на Победа

На денешната седница на советот на Општина Прилеп донесени се круцијални одлуки за иднината на поранешниот фудбалски шампион на Македонија, екипата на Победа. Имено, според одлуката што едногласно беше усвоена, за ФК Победа од буџетот на Општина Прилеп е издвоена финансиска поддршка во износ од милион денари.

На сумата од милион денари се гледа како иницијатива кон која би се приклучиле други институции и приватни компании за поддршка на Победа. Итно се очекува екипирање и мини-подготовки.

Во првото коло на Втората фудбалска лига, на 23 август Победа се среќава со Новаци.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content