Првачињата во Кисела Вода ќе добијат ранче и училишен прибор

Околу 600 дечиња, кои годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи во некое од осумте основни училишта во општина Кисела вода, ќе добијат сеопфатен пакет со сè што им е потребно за успешно да го започнат своето образовно патување – ранче, тетратки и основен училишен прибор.

„Првиот училишен ден е посебен, исполнет со радост, возбуда и гордост – не само за децата, туку и за нивните родители. Тој треба да остане во сеќавање по детската насмевка, а не по финансиските грижи,“ се вели во објавата на градоначалникот Ѓорѓиевски кој е и кандидат за градоначалник на Скопје.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content