Навивачите на Шкендија со националистички скандирања за Голема Албанија и Илирида

Навивачите на Шкендија синоќа во повеќе наврати за време на натпреварот со Карабах на Националната арена скандираа „Илирида“ и „Голема Албанија“. Тие и покрај сите апели за фер и спортско навивање, направија инцидент со националистичките извикувања.

Ова е втор инцидент на спортски натпревар откако за време на викендов на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија и Романија, група навувачи скандираше националистички и етнички навреди против Албанците. Сите политички партии и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го осудија настанот, а кумановското јавно обвинителство отвори постапка.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content