Искинал судска наредба за претрес – осомничен за трговија со кокаин во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истрага против едно лице под сомнение дека извршило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и за оштетување на службен спис.

При претрес извршен на 1 август во неговиот дом во Гевгелија, полицијата пронашла 26,42 грама кокаин, за кој постои сомневање дека бил наменет за продажба. Дрогата била откриена во јакна закачена во ходникот од семејната куќа, заедно со други предмети со траги од кокаин.

Според Обвинителството, за време на претресот, осомничениот ја зел судската наредба – издадена од судија на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија и примена во МВР со службен печат – и ја искинал пред службените лица. Со тоа, како што се наведува, го оштетил списот кој припаѓа на државен орган.

Јавниот обвинител, врз основа на сите околности, до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content