Лани евидентирани 757 дивоградби, речиси сите се во приватна сопственост

Во 2024 година се регистрирани 757 бесправно изградени објекти, соопшти Државниот завод за статистика.

Според видот на објектот, бесправно се изградени 151 објект за домување (19.9 %), 99 доградби, надградби и адаптации (13.1 %), 77 деловни објекти (10.2 %), 49 гаражи (6.5 %), 147 огради (19.4 %), осум скалила (1.1 %), 14 тераси (1.8 %), 20 летни тераси (2.6 %), 93 натстрешници (12.3 %), 26 времени објекти (3.4 %) и 73 помошни објекти (9.6 %).

Најголем број бесправно изградени објекти, 93.8 %, се во приватна сопственост.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content