Државата да ја градиме во разбирање, почитување, доверба и толеранција

Премиерот Христијан Мицкоски, по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламска Верска Заедница во Македонија, Реис Ул Улема Шакир ефенди Фетаху и до сите верници од исламска вероисповед.

– Празникот Курбан Бајрам не потсетува на вистинските вредности и принципи во животот, а тоа е да правиме добри дела, да помагаме и да сме хумани бидејќи хуманоста и солидарноста се најголемите човечки особини. Исламската заедница и сите нејзини верници се дел од оваа држава, затоа потребно е да си подадеме рака и да ги почитуваме различностите, бидејќи само така ќе изградиме држава на среќни и задоволни граѓани, пишува во честитката.

Да се потпреме еден на друг, суштински да се залагаме за благосостојбата на сите наши сограѓани

Партнерството со Обединетото Кралство е УНИКАТНО, договорите носат голема ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ЗА МАКЕДОНИЈА
Нашата заложба, како што посочува премиерот, е државата да ја градиме во меѓусебно разбирање, почитување, доверба и толеранција, а тоа ќе го постигнеме само доколку сме обединети заедно.

-Како Влада за краток период успеавме да ја трансформираме државата, преку дијалог и соработка да реализираме проекти од кои најголеми придобивки ќе имаат сите граѓани без разлика на нивната етничка или верска припадност. Но, потребни се крупни чекори за остварување на заедничките цели и затоа нека борбата за подобра иднина, надеж и поквалитетен живот бидат нашата заедничка водилка за успешна и победничка Македонија, држава дом за секој граѓанин и Македонија држава на промените, пишува во честитката премиерот Мицкоски.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content