Уапсен прилепчанец, криумчарел 13 кг тутун и текстил

На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на патот Демир Хисар – Кичево сопреле товарно моторно возило “цитроен” со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(39) од Прилеп.

При преглед на возилото била пронајдена акцизна стока – 26 паковки тутун со вкупна маса од 13 килограми, како и различен вид на текстил.

Тутунот е одземен и предаден на Царинска управа Битола, а возилото со текстилот е предадено на Царински терминал Битола за понатамошна постапка. С.Б. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content