Предмалку целосно изгоре автомобил на улицата „50-та девизија“ на приклучокот на „Водњанска“, пренесува „Слободен печат“.
Според објавените информации во справувањето со пожарот интервенирала противпожарната екипа која не дозволила пожарот да се прошири на околните автомобили и објекти, додека запалениот автомобилот е целосно уништен.
