300 средношколци се собрале на договорена тепачка во „Бисер“, полицијата спречила голем инцидент

2

Вечерва во трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром се собрале огромен број на ученици, околу 300, на „договорена тепачка“, а ескалација спречила полицијата, објави „А1он“.

Очевидци за порталот велат дека децата биле собрани во трговскиот центар и околу него, но полицијата брзо реагирала и успеала да ги разбие групите.

Вечерва е зголемено полициското присуство во ТЦ „Бисер“.

„Договорените тепачки“ стануваат сѐ почести, а минатиот месец беше објавена и снимка од сличен инцидент во Дебар Маало, која предизвика многу реакции и на социјалните мрежи.

Фото: а1он

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content