Џафери на Конференција во Атина

0

На конференцијата, што е во организација на грчкиот Парламент и Парламентарно собрание на Советот на Европа (ПССЕ), ќе учествуваат претседателите на Парламентите на 47-те земјите членки на Советот на Европа, како и на земјите- набљудувачи или партнери за демократија, односно учество ќе земат над 50 претседатели и околу 300 претставници.

Според агендата, конференцијата ќе ја отворат претседателот на грчкиот парламент Константинос Тасулас, претседателот на ПС на СЕ Рик Даемс и генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Дводневната дискусија на претседателите ќе се фокусира на три главни тематски области „Демократиите соочени со здравствена криза Ковид-19: споделување искуства, патот напред“, „Животната средина сега“: националните парламенти и правото на здрава и одржлива животна средина“ и „Заедничката иднина на сите европски граѓани“.

На маргините на Конференцијата, претседателот на Парламент на Грција Константинос Тасулас ќе оствари низа средби со негови колеги, меѓу кои и со претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери.

Овие конференции се одржуваат од 1975 година на секои две години, наизменично во Стразбур или во главниот град на земја – членка на Советот на Европа. На покана на грчкиот Парламент, конференцијата оваа година се одржува во Атина, во време кога земјата ја прославува двестегодишнината од својата независност.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content