СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Ќе има Ковид пасоши и за Западен Балкан

Сите со нетрпение го чекаме летото, но факт е дека и оваа сезона ќе ја поминеме во корона пандемија.

Ќе може ли да се патува, каква ќе биде процедурата. Ова се само мал дел од прашањата кои ги мачат многумина а кои едвај чекаат да заминат на одмор подалеку од родната земја.

Она што е најнова најава од ЕУ е дека ковид пасоши ќе има и Западен Балкан. Имено, примената на дигитални сертификати за патувања ќе почне од јуни, а не е исклучена ниту можноста  државјаните на трети земји, вклучувајќи го и Западен Балкан, да бидат снабдени со овој документ кога патуваат.

 

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) Кристијан Виганд, сепак, истакна дека несуштинското патување на државјани на трети земји во ЕУ сè уште е забрането.

„Оние кои можат да патуваат во моментот, исто така, ќе можат да добијат зелен дигитален сертификат со барање од земјата-членка во која патуваат, доставувајќи докази за вакцинација. „Земјите-членки мораат да ги проценат доказите и да издадат дигитален сертификат“, рече Виганд.

Дигиталните сертификати воведени од ЕУ ќе содржат информации за вакцинација, негативен тест за PCR или присуство на антитела.

Сепак, Европската комисија тврди дека наскоро ќе има опција со која на државјаните на трети земји ќе можат да им се признаат потврди за вакцинација издадени од нивната земја, но дека тоа бара усогласување на системот за издавање на овие документи со европските барања.

„Ова практично ќе ги признае сертификатите за трети земји во ЕУ на ист начин како дигиталните зелени сертификати издадени од ЕУ“, рече Виганд.

Тој објасни дека со цел да се избегнат ограничувањата на патувањето, дигиталните сертификати поврзани со вакцините признаени од Европската агенција за лекови ќе бидат издадени во рамките на ЕУ и дека на земјите-членки им останува да одлучат индивидуално дали ќе прифатат вакцини од други производители.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content