СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Јовчески во работна посета на германскиот град Вилинген-Швенинген

На покана на градоначалникот, господин Јирген Рот, прилепскиот градоначалник реализираше работна посета на градот Вилинген-Швенинген во Сојузна Република Германија. За време на работната посета во Вилинген-Швенинген, од 17-19 октомври, Јовчески остварил низа на работни состаноци и средби со градоначалникот, со претставници на општината и на бизнис секторот од градот.

Било разговарано на многу теми меѓу кои една од најбитните во моментов, за енергетската ефикасност, јавниот градски превоз, за бизнис климата, а исто така и за можноста да се привлечат инвестиции за градот Прилеп и секако да се продлабочи соработката со општината Вилинген – Швенинген.

Градоначалникот Јовчески за остварувањето на својата работна посета во општината Вилинген – Швенинген, објави на својот официјален ФБ профил, каде напомена дека за неговото службено патување како градоначалник, не потрошил ниту еден денар финансии од буџетот на општината.

Јовчески истакна и дека неговите приоритети се подобрување на економската состојба во Прилеп како и остварување на стратегијата за локален економски развој на градот. Исто така е најавена и возвратна официјална посета на градоначалникот Јирген Рот од општината Вилинген – Швенинген на општина Прилеп.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content