Ѓорѓиевски: Финансиската стабилност и децентрализацијата во фокусот на Генералното собрание на ЗЕЛС

Финансиската стабилност на општините, продлабочувањето на децентрализацијата и новиот Стратегиски план 2026–2030 се во фокусот на втората седница на Генералното собрание на ЗЕЛС, изјави претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, пред почетокот на состанокот.

Тој посочи дека на седницата ќе се разгледаат клучни прашања поврзани со функционирањето на локалната самоуправа, како и идните иницијативи на здружението.

– Ќе дискутираме за она што сме го постигнале, до каде сме и каде ќе ги насочиме нашите активности во следниот период. Имаме нов Стратегиски план на ЗЕЛС 2026–2030, кој ги дефинира трите приоритети, лобирање пред централната власт, јакнење на административните капацитети и поддршка за електронските услуги – истакна Ѓорѓиевски.

Според него, најголемиот предизвик останува финансирањето на локалната власт.

– Бараме најмалку 10 проценти од ДДВ и 50 проценти од персоналниот данок, по примерот на европските општини. Без предвидливо финансирање не може да има реална децентрализација – рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека, иако изминативе две години општините добиваат значајна поддршка од Владата за инфраструктурни проекти, потребно е системско решение што ќе обезбеди долгорочна финансиска самостојност, како и поголемо учество на локалната власт во БДП.

Во однос на децентрализацијата, Ѓорѓиевски нагласи дека ЗЕЛС веќе подготвува модели за преземање надлежности во социјалната заштита.

– Општините најдобро ги познаваат потребите на граѓаните и затоа е логично тие да имаат поголема улога во овој сегмент-истакна Ѓорѓиевски.

Како една од приоритетните области ја посочи и противпожарната заштита, информирајќи дека средствата за територијалните единици се зголемени, но дека состојбата и понатаму бара сериозни интервенции.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content