СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Футсалците ги чека најважниот меч: Победа над Србија го отвора патот кон ЕП!

Македонската футсал репрезентација после две ремија од трите меча во квалификациите, денеска иако во улога на аутсајдер, ќе се овбиде да го направи најголемото изненадување и да направи голем исчекор кон пласман на Евро 2022, во пресметката со фаворизираната Србија (19 часот) во СЦ „Јане Сандански“ во четвртото коло од актуелниот квалификациски циклус.

Црвено-жолтите во петокот успеаа да се изборат за реми 1-1 против Србија во Врање, па заедно со Романија и со северниот сосед, сега имаме по два бода и победата во можеби најважниот меч во историјата би нѐ однел на веројатно чекор пред пласман на континенталниот шампионат.

„По одличниот резултат остварен во Врање, не очекува можеби најважниот меч во нашата футсал историја. Со победа речиси ќе бидеме пласирани на Европското првенство во Холандија. Но, како што реков и пред натпреварот во Србија и на овој меч мора да влеземе со ладна глава и со добра, пред сѐ тактичка поставеност на играта да го надмудриме поквалитетниот и посилен противник од нас. Добро е што во составот се враќа нашиот капитен Ранготов и ќе имаме поголем избор, но истовремено морам да напоменам дека голем хендикеп е неиграњето на Даниел Де Соуса, играч со големо искуство во вакви натпревари. Се надевам дека со голема борбеност и пожртвуваност ќе успееме по втор пат да го изненадиме најголемиот фаворит во нашата група и ќе ги израдуваме сите љубители на футсалот во Македонија“, вели селекторот Васко Скендеровски.

 

БиХ, која нѐ победи во првото коло со минимални 2-1 во Зеница е на чекор до пласман на ЕП, зашто има три победи и максимални девет бода, а утре дома ги пречекува Романците и четврти триумф ќе им го завери настапот на континенталниот шампионат. За Македонија, пак, победа ќе значи огромен исчекор, зашто во таква ситуација ќе имаме пет бода, три пред Романија и пред Србија, а во завршните два меча играме со БиХ (8 април) дома, а гостуваме кај Романија (14 април) и ќе ни треба триумф за второ место и многу исвесно историски успех.

Но, за да се победи Србија, од македонските репрезентативци вечерва ќе мора да го одиграат најдобриот меч, меч на кариерите за да се победи големиот фаворит, кој игра лоши квалификации, иако е селекција од топ пет во Европа во последниов период.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content