СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

ФОТО: 31 година од промоцијата на македонските државни почести и првиот војнички почесен рапорт на македонски јазик

На 17 март 1992 година за првпат биле промовирани македонските државни почести. Ова се случило при доаѓањето на делегацијата на Република Словенија, на чело со претседателот Милан Кучан, при пречекот на аеродромот „Скопје“.

Архива на „Нова Македонија“ од 18.03.1992 година

Првпат при пречек на висок гостин била интонирана македонската државна химна „Денес над Македонија се раѓа“, првпат била построена почесната единица на Македонската армија со македонско државно знаме и првпат командантот на почесната единица полковник Стефан Лазаревски на македонски јазик му рапортирал на еден претседател кој допатувал во официјална посета на Републиката.

-Делегацијата од Република Словенија пристигна на 17 март 1992 година и беше пречекана со највисоки почести. Датумот останува забележан како датум кога првпат при пречек на странска делегација се интонира химната „Денес над Македонија се раѓа“, првпат при пречек на странски државник се постројува почесната единица на АРМ, се вее македонското знаме, а јас бев првиот македонски офицер, командант на почесна единица, кој на македонски јазик му рапортираше на претседател на странска држава, вели Лазаревски, објавено во Нова Македонија.

Прв рапортираше на македонски јазик пред странски државник: Полковникот Стефан Лазаревски (фото: Нова Македонија)

Војниците од почесната единица на сивомаслинестите униформи првпат имале поставено македонски државни симболи.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content