СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Финец ја разнесе со ДИНАМИТ својата ТЕСЛА

Незадоволен сопственик на „тесла-ес“ во Финска го разнесе со 30 кг динамит своето електрично возило – заедно со кукла со ликот на основачот на „Тесла“, Илон Маск – во знак на протест поради трошоците за замена на батеријата.

Туомас Катинен го разнесе својот Tesla S – модел 2012 година – со 30 килограми динамит по откажувањето на батеријата и откога се соочи со сметка за поправка од 17.000 фунти (22.000 долари), пренесуваат британски медиуми.

Наместо да ги собере парите, 26-годишникот стапил во контакт со локални јутјубери Youtubers Pommijätkät т.н. бомбаши, кои решиле да му помогнат да го разнесе автомобилот.

Цената на овој модел, за кој не важи гарнацијата дека е од постарите, е околу 73.990 фунти (100.000 долари).

„Тесла“ и Маск се соочија со бран поплаки за трошоците за замена на батеријата, при што гаражи од трети страни (независни сервиси) нудат замена за една четвртина од цената.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content