Филипче, Заеви, Лукаревска, Богоев…Кој сè земал торби полни евра и средувал проценти според црниот тефтер на Бојан Јовановски

54

Шоуменот Бојан Јовановски, кој заглави судските ходници, па во затвор за случајот „Рекет“ со фамозната „луј витон“ торба и поради организацијата „Меѓународен сојуз“, во поткастот „Лазаров“ пет часа зборуваше за функционерите и јавни лица кои биле вмешани во криминали, на кои тој бил сведок.

Од црното тефтерче на Боки во неговата исповед излегоа имињата на семејството Заеви, особено браќата Зоран и Вице, нивниот добар пријател политичарот Венко Филипче, некогашната обвинителка Вилма Русковска, потпретседателите на СДСМ Стефан Богоев и Сања Лукаревска, новинарите Сашо Ордановски и Борјан Јовановски итн итн.

Венко Филипче кај мене дома се дрзна да преговара за милионски бизниси, сакаа да продаваат болница со Јордан Камчев. Преговараа за продажба на болницата и Филипче, како тогашен министер за здравство си побара колку пари треба за него и Заев, вели Јовановски.

Повеќе:

За фамозната торба, рече завршила кај Вице Заев: 

Боки 13 читаше пораки за кои рече дека се разменети помеѓу него и Русковска, тогаш шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и откри дека два дена пред пресудите за „27 април“ таа веќе ја знаела судбината на обвинетите кои поради неа лежат за делото „тероризам“.

Повеќе:

Тој ја спомена и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е носител на листа за СДСМ, за која вели уште молчи за скандалот од 800.000 евра за РЕК Битола во кој е вмешана.

Повеќе:

Јас бев сведок кога Силјан Мицевски во мојата канцеларија во 1ТВ му даде полн коверт со евра на Александар Кирацовски, зборува Боки во врска со далаверите во РЕК Битола.

Повеќе:

 

Јовановски рече дека многу избори во Македонија се наместени. Едни од оние кои ги спомена беа и локалните избори:

Зборувајќи за неговата телевизија, тој не штедеше зборови ни за „големите новинарски имиња“.

Да не ги заборавиме контактите на Ордановски со разни позиционирани лица. Подоцна беше човек кој ги бранеше тезите на обвинителството на Русковска, вели Јовановски.

Ме изманипулираа. Дозволив и огорчен сум, вели Боки 13 зборувајќи за СДСМ.

Извор: РепубликаМК.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content