СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

УКИМ падна за 100 места во светското рангирање на универзитетите

Во јануари 2022 година рејтингот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје на светската листа на универзитети е 1.594. Пред само шест месеци таа бројка беше 1.493. Од регионот, во првиот дел од оваа табела, меѓу првите 500, се универзитетите во Белград, Љубљана, Прага, Будимпешта, Брно, Загреб.

Оваа организација („Webometrics Ranking of World Universities”) рангирањето на универзитетите во светот го прави повеќе од 15 години и според методологијата се мерат научните достигнувања на персоналот по универзитетите и нивното влијание во светот.
„Пад на УКИМ, 100 места за шест месеци. Таман мислев ни тргна, како што викаа…“, прокоментира на фејсбук професорот Горан Ајдински, поранешен декан на Филозофски факултет на УКИМ.
Според оваа листа од Македонија следни универзитети според рејтингот се универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип (3.711), Југоисточниот универзитет во Тетово (4.547), Тетовскиот универзитет (4.610), „Свети Климент Охридски“ од Битола (6.304).
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content