Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, после повеќе од една година истрага и документирање на активностите на криминалната група во која имало десетина полицајци, припадници на МВР во координација со Канцеларијата за истраги на американската амбасада и „Интерпол“ претпладнево спроведоа акција.
Во акцијата се уапсени десетина полициски службеници, а од Министерството за внатрешни работи информираа дека акцијата и натаму е во тек.