Трпчески со Венгеров со стоечки овации и 3 биса во Лондон

44

По минатогодишниот прв заеднички настап на фестивалот „Музика Мунди“ крај Брисел во Белгија, македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески месецов настапува три од најпрестижните светски концертни сцени заедно со легендарниот Максим Венгеров, кој се смета за еден од најголемите виолинисти на сите времиња. Синоќа (10 јануари), серијата камерни концерти стартуваше на сцената на лондонската сала Барбикан. Двајцата врвни уметници настапија со дела од Моцарт, Прокофјев, Франк и Равел.

По повод стартот на оваа извонредна концертна комбинација, Трпчески изјави: „Нашето пријателство датира веќе неколку години. Уште пред 20 години нашиот заеднички продуцент од ЕМИ Класикс, Џон Фрејзер, ни зборуваше на двајцата посебно дека еден ден треба да се споиме на сцена, аналогно на нашите музички темпераменти и менталитети. По толку долго време, на наша лична иницијатива спонтано доаѓа до оваа соработка, која за мене претставува огромна чест и некаков врв во нашата професија, бидејќи се работи за човек што има создадено историја на многу млади години и остава длабока неизбришлива трага во историјата на интерпретативната уметност. Многу се радувам!“ – вели Трпчески. Таа очигледна радост на двајцата безвременски уметници резултираше со стоечки овации и дури 3 изведби на бис за пребирливата лондонска публика.

Тандемот Венгеров-Трпчески веќе на 20 јануари ќе настапи во Карнеги Хол во Њујорк, а на 27-ми овој месец и на големата сцена на Париската филхармонија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content