Таравари: Среќен сум што ќе соработувам со Мицкоски во Владата! – ВМРО ДПМНЕ и „Вреди“ имаат фантастична заедничка програма!

53

Арбен Таравари, еден од лидерите на коалицијата „Вреди“ кажа дека е среќен што ќе соработува во идната Влада на * Македонија со македонскиот националистички лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по парламентарните избори од 8 мај. Таравари нагласува дека имаат фантастична програма со оваа партија. – објави информативниот портал „Албанијан пост“ како ударна нагласка од интервјуто, кое го направи со Арбен Таравари и кое го објави под наслов „Среќен сум што ќе соработувам со еден професор како Мицкоски – имаме фантастична програма со ВМРО ДПМНЕ“.

„Албанијан пост“ (АП) пишува: Овој лекар, кој стана политичар, откако беше прашан конкретно дали ги имаат и натаму уставните измени како услов – неопходен за интегрирање на * Македонија во ЕУ – за да се влезе во Владата на Мицкоски, одговори дека тоа не беше директно, ако тие опстојуваат на оваа заложба, која ја искажаа како коалиција пред првиот круг на претседателските избори.

Што се однесува до прекумерниот националистички говор во последно време на ВМРО ДПМНЕ, конкретно на нејзиниот лидер Мицкоски, како и во врска со предлогот на претседателскиот кандидат од оваа партија Гордана Силјановска Давкова за создавање Меѓународен трибунал за војната од 2001 година – меѓу до македонските воено-полициските сили и УЧК –  градоначалникот на Гостивар истакна дека гледа на тоа како на нешто што се случува во изборен контекст. „Јас го видов како изборен момент.“ – кратко рече Таравари.

Редакцијата на „Експрес“ ги пренесува клучните делови од интервјуто на Арбен Таравари, дадено за „Албанијан пост“.

АП: Изјавивте дека ќе поднесете оставка, ако ги изгубите изборите, дури и да изгубите само со еден глас помалку. Зошто не поднесовте оставка досега?
Арбен Таравари: Затоа што се уште не сум изгубил. Јас сум победник на албанскиот глас.

АП: Зошто велите дека сте веќе во владата кога се уште не се знае победникот на парламентарните избори, кога изгубивте на претседателските избори?
Арбен Таравари: Затоа што владите во Македонија, поради етничката специфичност на оваа држава, главно се формираат врз основа на коалиции. Бев победник во албанскиот табор, а владата со двете најголеми етнички партии во земјата ми изгледа многу органска.

АП: Постојано велевте пред првиот круг на претседателските избори дека уставните измени се услов да се влезе во новата влада на ВМРО ДПМНЕ. Но по завршувањето на изборите од експонентите на „Вреди“ не се слуша повеќе овој услов. Дури и Мицкоски кажа дека не чул оти го имате овој услов. Што се случи, дали се повлековте? Конкретно, дали ќе влегувате во владата со Мицкоски и без условот за уставните измени? Дали имате одредено датум, час и ден за ВМРО ДПМНЕ кога треба да се направат уставните измени?

Арбен Таравари: За ВМРО ДПМНЕ и „Вреди“ има една фантастична програма, која е пред нас и која не очекува. Секако дека има заеднички цели и уверен сум дека ќе ги постигнеме. Среќен сум што ќе соработувам со еден универзитетски професор како што е Мицковски, кој како и сите ние го сака најдоброто за оваа земја.

АП: Во * Македонија беше правило – во повеќето случаи – победникот на македонскиот табор да направи влада со победникот кај Албанците. Но, видовме подготвеност од ‘Вреди“ да станете дел од владата и да не сте победник. Може ли уште еднаш да ни појасните: Дали ќе бидете дел од власта, ако изгубите на изборите?
Арбен Таравари: Во Македонија има правило дека нема правила во политиката, особено во Владата. Ова е страшниот дух што ни го подметнува ДУИ 23 години. Со нас ќе биде поинаку!

АП: Како ги видовте националистичкиот говор на Мицкоски и предлогот на Гордана Силјановска-Давкова за основање Меѓународен трибунал за војната од 2001 година? Кој ќе биде противодговорот на „Вреди“ кон овој говор и кон овој предлог?
Арбен Таравари: Јас го видов тоа како изборен момент.

АП: За време на кампањата за претседателските избори многу го споменувавте премиерот Курти, но не сега. Зошто? Немаше ли поддршката од Курти негативен, или позитивен ефект врз вас?
Арбен Таравари: Чест е секогаш кога ќе го споменам премиерот Курти, бидејќи е тој еден од најуспешните и најхрабрите Албанци. За тие што имаат уши јас сум го споменувал, а го споменувам и натаму.

АП: Зијадин Села има речено дека вие треба да ѝ се вратите на лекарската професија, бидејќи таму сте добри, а не како плитичар. Села ве обвини дека сте ја „предале“ партијата и оти сте му станале „вазал“ на Мицкоски. Кој е вашиот противодговор на овие обвинувања?
Арбен Таравари: На Зијадин му посакувам да има најплодна соработка со Мендух Тачи и Али Ахмети. Нема да му биде нималку лесно… Зијадин го изгради својот политички профил, напаѓајќи ги Тачи и Ахмети и фрлајќи анатема врз нив со години по ред.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content