Сузбиена организирана криминална група за криумчарење мигранти, приведени шест лица

0

Од МВР информираа дека се приведени се Р.Џ. (33) од Велес, С.М. (27) од Штип, Џ.Ш. (30) од Штип, Џ.Р. (26) од Валандово, Г.П. (48) од  Велес и З.Џ. (56) од Велес. Од претходно мерка затвор во КПУ издржуваат С.М. (39) од Велес   О.Д. (47) од Велес, М.Р. (29) од Струмица и М.Ј. (29) од Штип, а се преземаат мерки за приведување на уште три лица.

Во текот на денешниот ден до надлежното обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

 

Во текот на денешниот ден извршени се претреси во објекти на 11 локации на подрачје на Велес, Скопје, Штип, Струмица и Валандово, соопштија од МВР. Од засега извршените претреси, се наведува во соопштението, пронајдени и одземени се: пари, мобилни телефони, СИМ картички, половина килограм марихуана, како и други предмети од интерес на истрагата.

Полициската акција била спроведена од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Скопје и СВР Струмица, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content