СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Стотици граѓани мака мачат да ја продолжат туѓата нега

Неколку стотини граѓани од југоистокот на државата со месеци чекаат термин кај комисијата за нега од друго лице.

Матични лекари кои не сакаат да говорат пред камера велат добивањето на термин за оваа намена во последниот период било еднакво на лотарија и вистинска среќа да се дојде до него. За пациентите од струмичко радовишкиот регион надлежна е комисија од болницата во Струмица. Од таму велат дека комисијата работи и врз основа на барањата се состанува еднаш до два пати неделно.  Знаат за проблемот, но велат дека не можат ништо да направат по тоа прашање бидејќи термините ги добиваат од министерството за здравство. Неколку пати испратиле и барање за зголемување на нивниот број.

Дека ваков проблем постои потврдија и од Министерството за здравство. Најавуваат дека истиот наскоро ќе биде надминат.

 

„Соочени сме со зголемен број на пријави за нега на трето лице во 2020 година и од таа причина интензивно работиме на надминување на овој проблем. Притоа голем број од лекарите се во систем на ротација и се дел од медицинските тимови во ковид центрите низ државата. Состојбата во најбрзо време ќе се надмине“, велат од Министерството за здравство.

И труд и социјална политика е запознаено со проблемот настанат заради недостаток на термини во комисиите. Информираат  дека се  постојана координација со Министерството за здравство за надминување на истиот. Од таму потенцираат дека  термините ги пуштаат исклучиво стручните лекарски  комисии од јавните здравствени установи формирани од страна на министер за здравство.

На ниво на држава има 15 комисии. Од нив 5 се во Скопје, а 10 во останатите Клинички и Општи болници во државата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content