Со Windows 11, Microsoft одлучи да се префрли на годишна објава на ажурирања, што значи дека не мора да прецизира во која половина од годината се објавува ажурирањето, како што беше случајот со претходните верзии на Windows.Windows 11 беше објавен пред повеќе од една година, а ажурирањето од 2022 година носи голем број нови функции.
Microsoft нагласува дека целта на Windows 11 е да понуди поедноставено искуство што го прави корисникот попродуктивен. Така, новата верзија на Windows вклучува подобра навигација со допир за Snap Layouts, можност за додавање повеќе табови на прелистувачот на Edge, Focus сесии и функцијата Do Not Disturb.
Компанијата тврди дека Windows 11 2022 Update нуди побрз Search, подобро искуство со менито Start, различни виџети и подобрувања на пристапноста.
Покрај тоа, најновото ажурирање исто така се промовира како врвно за креаторите на содржини и гејмерите, благодарение на фактот што доаѓа во комплет со Clipchamp, нова алатка наречена Windows Studio Effects и голем број гејминг подобрувања.
Microsoft ја продолжува поддршката за апликациите за Android во Windows 11. Искуството со Amazon Appstore, овозможено од Windows Subsystem for Android (WSA) сега се проширува во 31 нова земја и ќе содржи каталог од 20.000 апликации и игри за Android.