Статистика: Сѐ повеќе се раѓаат машки деца

Во 2025 година се родени 15.932 деца вкупно, од кои живородени се 15.850, а 82 се мртвородени. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51,7 %, односно на 100 живородени женски деца, 106,9 се машки – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според месецот на раѓање, најголем број живородени деца се регистрирани во јули: 1.531.

Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 31,7 % се живородени деца од мајки на возраст 25 – 29 години.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29,8 години, а на прворотките 28,2 години.
Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1995 година.

Во 2025 година се регистрирани 15 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца е 1.868 или 11,8 % од вкупниот број живородени деца.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј
Skip to content