Со палење на маските завршува Вевчанскиот карневал

50

Со палењето на маските вевчанци веруваат дека го избркале злото и оти ќе имаат среќна и бериќетна година. Уште од утре тие ќе почнат да планираат во што ќе се маскираат следната година. Добро познато е дека вевчанци ќе кажат се, но до карневалското дефиле не откриваат во што ќе се маскираат. Инспирирани од актуелните случувања во државата и светот на сатиричен начин ги исмеваат, но и упатуваат силни пораки кон политичарите и општеството.

Вевчани два дена наликуваше на отворена театарска сцена, каде продефилираа Талибанци, кои подоцна ја окупираа Општинската зграда, вакцинални пунктови, пратеникот Кастриот Реџепи, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски. Вевчанци на шеговит начин го прикажаа и копањето биткоини, се пошегуваа со греењето со симболично собирање дрва „да си ги стоплат децата”, неиозстана ниту исмевањето за енергетската криза со инвестиции во зелена енергија и во производство на струја, потсетија на екс премиерот Никола Груевски со бадниковото лебче, протестираа за ослободување на тенисерот Новак Ѓоковиќ и за неговиот настап на „Австралија опен”. Не ја заборавија ниту хуманоста на словенечките пожарникари, кои помогнаа во гаснењето на пожарите, како и традиционалните маски на зетот и невестата, глупавите Августи, ѓаволите, зурлите и тапаните.

Се претпоставува дека Вевчанскиот карневал постои повеќе од 15 века и со него се одбележува христијанскиот празник свети Василиј Велики или доаѓањето на Новата година по стариот, Јулијански календар.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content