СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Како да се загреете кога температурата надвор е под нулата!

Иако топлата облека е предуслов за добра изолација на телото и заштита од мраз, има уште неколку работи на кои треба да обрнете внимание во текот на зимата.

Прошетки на ладен воздух

Не дозволувајте снегот и ниските температури да ви бидат изговор да не излезете од дома! Половина час пешачење дневно е доволно, а пожелно е еден час. Освен што ја покачува телесната температура, физичката активност е добра и за општата состојба на организмот – го подобрува имунитетот, ги зајакнува мускулите, го одржува здравјето на кардиоваскуларниот систем и многу повеќе.

Најдобро е да поминувате време во природа, на свеж воздух. Ако живеете во град, тогаш барем отидете во парк, наместо да шетате по улиците.

Облекување во слоеви

Носете удобна, топла и слоевита облека, најдобро од природни материјали, како волна и памук во кои кожата дише. Токму кога станува збор за облекувањето, многумина често грешат, па затоа претпочитаат да носат еден подебел џемпер или дуксер наместо, на пример, два потенки слоја.

Исто така, не заборавајте ја капата, бидејќи преку главата се ослободува голема количина на телесна топлина.

Алкохол во студените денови, да или не

Иако мислите дека греано вино би ве стоплило, не пијте алкохол за да ја подигнете температурата.

Ова е една од најголемите заблуди во кои многумина веруваат, бидејќи алкохолот привидно создава ефект на топлина. Сепак, тоа е моментално поради ширењето на крвните садови на кожата. Во исто време, алкохолот ја одвлекува топлината од вашите витални органи, па наскоро ќе ви биде уште постудено. Најдобар начин за загревање се топлите напитоци како чај, шолја какао или топло чоколадо.

Правилна хидратација

Во текот на зимата често забораваме на водата бидејќи ниските температури не предизвикуваат толкава потреба од оваа скапоцена течност. Сепак, водата е неопходна секој ден за здравјето на нашите клетки, за правилно функционирање на телото, за метаболизмот, физиолошките функции и уште многу повеќе.

Пијте минимум шест чаши вода дневно. Не чекајте да ожедните, бидејќи тогаш веројатно веќе сте прилично дехидрирани.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content