Сообраќајните дозволи денеска сепак се наплаќаат, а налепници „НМК“ се појавија на продажба на интернет

17

„Го задолживме Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите правни акти за да постапи, а тоа возачките и сообраќајни дозволи за сите граѓани коишто треба предвремено да се сменат да бидат без надомест“, рече вчера вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев рече дека од денеска на товар на МВР ќе се врши промена на возачките и сообраќајните дозволи со старото уставно име.

Граѓани пак, велат дека полициските службеници кои работат на шалтери во станиците за технички преглед издавањето на сообраќајни дозволи денеска го наплаќаат. На граѓаните кои потсетуваат на вчерашната најава дека тоа треба да е на товар на МВР, службениците им одговараат дека немаат таков допис од МВР.

Некои граѓани платиле, некои револтирано си заминале дома без да извршат замена на сообраќајната дозвола.

Во меѓуреме преку социјалните мрежи се појавија огласи преку кои се продаваат налепници со НМК. Ги има и во некои приватни продавници. Наводно, ги задоволуваат стандардите според правилниците на МВР – флуоресцентна им е фолијата и се отпорни на надворешни влијанија.

Каков е коментарот на МВР, дали ваквата продажба е нелегална и какви се евентуално санкциите за оние кои на своја рака ќе залепат таква налепница, не добивме одговор.

Без налепница на регистарската табличка со ваква „лепенка“ од денеска не може да се излезе со возило од земјава. МВР не ги наплаќа налепниците. Само треба да се отиде во станица за технички преглед каде што ги има, да се чека во ред и вработените потоа ги лепат налепниците, а тој „процес“ рекоа од МВР, се снима со камера.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content