„Волјата на граѓаните во Албанија ќе триумфира исто како и во Македонија“, изјави поранешниот претседател на Албанија Илир Мета во ексклузивното интервју за Argumentum.al.
„Народот во Албанија е целосно свесен дека политиките на актуелната влада се штетни за земјата, за нејзината демократија и економија, за семејството и за општеството во целина. Затоа избраа илјадници да ја напуштат земјата. Сигурен сум дека албанските гласачи ќе направат зрели избори да донесат промени, како што направија во Македонија“, рече Мета.
Што се однесува до моите јавни изјави во корист на ВМРО-ДПМНЕ, верувам дека ВМРО-ДПМНЕ е сила која направи многу за развојот на Македонија. Ја ценам и нивната јасна визија во регионот, особено во однос на противењето на идеите како „Отворен Балкан“ кои имаа за цел да ги пренасочат интегративните процеси во ЕУ во регионот. Нивниот резултат на актуелните избори е одраз дека таквите идеологии кои ја уништуваат суштината на нашите општества се неприфатливи од народот, генерално, објасни поранешниот албански претседател, актуелен претседател на Партијата на слободата.
За изјавите во јавноста за негово евентуално апсење или дека Илир Мета може да биде прогласен за „non ngrata“, тој вели дека таквите изјави и служат на власта да создава „хармонизирани вистини“ со единствена цел да ја обесхрабри опозицијата и луѓето кои сакаат да видат промена на владеењето во Албанија.
„Илир Мета не е загрижен за себе, туку за милиони Албанци кои немаат никакво судско или животна безбедност во Албанија, па избраа да ја напуштат земјата. Ова мора да се смени и наскоро ќе се смени“, нагласи Мета.