Совети како да ги заштитите децата на Instagram

0

Зошто е тоа така?

На Instagram има педофили, негативни коментари кои може лошо да влијаат на менталното здравје на децата, а со објавување на фотографии од приватниот живот се изложуваат и на многу други опасни работи: следење, киднапирање и грабеж.

 

Во продолжение прочитајте неколку совети како може да ги заштитите своите деца на Instagram.

Најпрвин, треба да му објасните на вашето дете дека треба да го заклучи неговиот профил и да ги прифаќа само лицата коишто ги познава за да не добива несакани пораки и коментари.

Бројот на лајкови на фотографиите ја претвора оваа платформа во натпревар за популарност. Ова може да му наштети на детето – да ја изгуби самодовербата и сигурноста во себе. На децата им е тешко да сфатат дека она што го гледаат на Instagram не е вистина. Филтерите и фотошопираните фотографии го менуваат изгледот на корисниците, а тоа може да создаде желба за совршенство.

Затоа, психолозите ве советуваат да разговарате со вашето дете и да му објасните како функционира оваа апликација. Треба да му помогнете да сфати дека животот на Instagram е фиктивен и да го предупредите за сите опасни работи.

Блокирајте ги непосакуваните содржини

Instagram има опција со која може да ги блокирате и ограничите содржините кои ги гледа вашето дете.

Ограничете ги коментарите и објавите – корисниците на оваа апликација може да бираат кој може да им коментира на објавите, а ова е најзначајно за безбедноста на децата.

Ограничете го времето кое вашето дете го поминува пред телефонот – во подесувањата имате опција да проверите колку време корисникот бил активен.

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Доколку сакате да дознаете повеќе за користењето и употребата на вашите лични податоци кликнете на следниот линк. Прифаќам Повеќе

Skip to content