СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

СОБРАНИСКО ЛИЦЕМЕРИЕ – пратениците сложно си ги враќаат парите кои на партиите им беа скратени

Пратениците сложно изгласаа да се исплатат речиси три милиони евра за политилките партии, што беа скратени поради коронакризата. Со поддршка и од власта и од опозицијата, на Комисијата за политички систем помина Законот за финансирање на политичките партии.

Пратениците со консензус, без многу врева изгласаа поврат на парите за политичките партии што со уредба на 19 јуни Владата ги запре во вонредната состојба..Наместо целосен износ, се договориле сепак да земат 30 отсто помали суми од 2019 година.

На оваа одлука реагираа и другите политички субјекти во државата. Од Македонски концепт со обвинувања дека во ек на длабока економска криза со која се соочува нашата држава, партиите на нивните сметки ги префрлаат парите на граѓаните.

 

„Без ниту еден глас против, ниту воздржан, без ниту еден амандман во Собранието на РМ, донесена е одлука до крајот на годината партиите да си поделат 4 милиони евра државни пари. Пари од граѓаните.“ – вели Богојевски Петар.

Од ГДУ велат дека ваков политички консензус македонската политика не памети. Над 20 партии се во законодавниот дом, но ниту една не се спротистави, велат оттаму.

Од Левица пак реагираат дека нивните пратеници се единствените кои, на вчерашната собраниска седница, не гласале за измена и дополнување на Законот за финансирање политички партии.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 минатата недела го најави овој закон и потврди дека ќе добијат помалку пари отколку што добивале години наназад.

Согласно со Уредбата со законска сила за финансирање на политичките партии ќе им се исплати разликата на средства најдоцна до 31 декември 2020 година.

Пред две години на политичките партии им беше овозможено годишно да добиваат 4.5 милиони евра од буџетот, односно 0,15 отсто од средствата на јавната каса.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content