СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Сметките за струја за домаќинствата од јануари ќе бидат повисоки до 10%

Владата на затворена седница, одлучила поскапувањето да не биде повеќе од 10%, но призна дека Електрани барале многу повеќе.

По која цена ЕСМ ќе ја продава струјата на ЕВН Хоум официјално ќе се знае утре, кога и истекува тендерот на Универзалниот снабдувач.

„Согласно сите проекции, зголемување над 10% нема да има, се отфрлаат сите анализи, сите видувања и од експерти во областа на енергетиката и од политички партии, дека зголемувањето ќе биде 30, 40 па и 50%. Да вистина дека енергетските компании побараа поголемо покачување може и 100%. / Но, ние како одговорна влада, како економски тим, најдовме начин да им излеземе во пресрет на граѓаните и цената нема да се зголемува над 10%.“ изјави Крешник Бектеши, министер за економија

Бектеши тврди дека со зголемено домашно производство државата ќе се справи со енергетската криза и граѓаните нема да почуствуваат големи ценовни шокови. Сепак, во јавноста излегоа информации и дека е можно укинување на дневната евтина тарифа за домаќинствата, а од надлежните изминативе денови веќе стигнаа најави дека се подготвуваат субвенции за ранливите категории граѓани.

Инаку лани во јуни струјата за домаќинствата поскапи за 12,3%, но граѓаните тоа не го почуствуваа бидејќи државата го намали ДДВ-то на струјата од 18 на 5%. Сепак, во јуни 2022та предвидено е тоа да се качи на 10, а наредната повторно да изнесува 18%.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content