Денешното 25-то коло може да биде клучно за директниот пласман во Првата лига. На градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп со почеток од 17:00ч. Победа ја пречекува Беласица, а во истиот термин Слога ќе ја дочека екипата на САСА од Македонска Каменица.
Едно е сигурно – мора да се победи денеска во Прилеп, а Победа во таа мисија ќе има поддршка од неколку илјадна публика на трибините.
За натпреварот деновиве многу се зборува. Играчите се мотивирани, а мотивирана и полна со елан е и прилепската публика.
Се очекува големо присуство и на навивачката група “Мајмуни” кои ќе бидат дополнителен ветер во грбот на “црвено-белите”.
Во претходните два натпревари помеѓу Победа и Беласица сезонава, мрежите мируваа. До крајот на сезоната Победа ќе го пречека Пехчево и ќе гостува кај Слога во последното коло.